Поранешниот малезиски амбасадор во САД и уште пет лица загинаа во хеликоптерска несреќа.
Малезиските власти соопштија дека хеликоптерот се урнал денеска надвор од Куала Лумпур и оти загинале сите шест лица кои биле во леталото.
Локалните медиуми наведуваат дека меѓу загинатите е и поранешниот амбасадор во САД Џамалудин Џарјис и соработникот на премиерот Наџиб Разак.
Службата за цивилно воздухопловство соопшти дека хеликоптерот се урнал и запалил кај местото Семенџи.
Полицијата соопшти дека досега се пронајдени три тела. Спасувачките тимови трагаат по останатите тела. Не се соопштени други детали.