Малезија потроши 10 милиони долари за истрагите за двете авионски несреќи

Од:

Малезија потроши 10 милиони долари за справување со двете авионски несреќи на националната авиокомпанија „Малезија ерлајнс“, изјави  министерот за транспорт Лиоу Тионг Лај.

Парите се потрошени за потрагата по двата авиони, едниот кој исчезна во Индиски Океан, а другиот беше соборен во источна Украина. Во двете операции учествуваа вкупно 3.732 малезиски експерти.

Авионот на  „Малезија ерлајнс“ на летот МХ370 со 239 патници исчезна еден час откако полета од Куала Лумпур кон Пекинг на 8. март. Се претпоставува дека авионот го сменил курсот и се упатил кон јужниот дел на Индиски Океан, каде се урнал откако му снемало гориво.

Другиот авин на  „Малезија ерлајнс“ на летот МХ17 од Амстердам за Куала Лумпур со 298 патници се урна на 17 јули во источна Украина, откако беше погоден од ракета. Во истрагата за несреќата покрај малезиски учествуваат и експерти од Холандија, од Австралија и од Белгија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски