Малезија не се откажува од потрагата по исчезнатиот авион

Од:

Речиси четири месеци по мистериозното исчезнување на малезискиот авион, за кој истрагите до сега не дадоа никаков резултат, малезискиот министер за одбрана Хисамудин Хусеин соопшти дека Малезија, Кина, Австралија и експерти од 26 други држави ја зајакнуваат истрагата.

Авионот, што на 8 март полета од Куала Лумпур кон Пекинг, со 239 патници и членови на екипажот, без какви и да е индикации, го сменил правецот и едноставно исчезнал од уредите за контрола на летењето.

Малезиската морнарица ги завршува подготовките за опремување на уште еден голем воен брод мини подморници, сонари и други апарати кои на морското дно ќе можат да детектираат дури и остатоци од пластика. Финасирањето на опремата на овој брод ја презедоа три најголеми компании од Малезија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски