Малезиските власт категорично го одбија барањето урната со пепел на Комунистичката партија на Малезија, Чин Пенг, да биде пренесена на малезиско тло.
Малезиските комунисти, спонзорирани од Кина, заедно со другите малезијци до 1057 година се бореа против британската колонијална власт, но по независноста продолжија да се борат и против властите, обидувајќи се да воспостават комунистички режим во Малезија. Судирите, со голем број жртви, завршија во 1989 година, кога Чин Пенг пребега и до смрта, во септември минатата година, престојуваше во Тајланд.
Барањето остатоците на Чен Пенг да се пренесат во Малезија го поднел Малезиската асоцијација за помирување, која е дел од владејачката коалиција на Малезија. Но, премиерот на Малезија Наџиб Разак одговори дека ни синовите на неговите жртви, па и внуците на внуците на неговите внуци не смеат да ги заборават злоделата што биле направени по негови наредби.
Според весникот „Стар’’ владата на Разак дозволила од странство во родната земја да се пренесат посмртни остатоци на водачи на бунтовите од малајско потекло, но додава дека главната причина за одлуката на властите не била тоа што Пенг бил со кинеско етничко потекло, ами бил комунист.