Малезија ќе бара странските посетители да имаат повратен билет и доволно пари

Од:

Во обид да го спречи бранот на емигранти од околните држави, Малезија донесе пропис според кој сите странски посетители при влегувањето во државата треба да покажат повратен билет, а некои и од нив да докажат дека имаат доволно пари за престој. Одлуката, усвоена во средата стапува на сила од денеска.

Овој потег на малезиските власти не ќе помогне многу, затоа што илегалните емигранти обично и не ги користат легалните гранични премини. Министерот за полиција соопшти дека со помош на војската малезиската полиција ќе се обиде да го спречи масовното илегално влегување, но признава дека тоа е тешко остварливо.

Туристичките работници од Малезија изразија стравување од ефектите на оваа одлука, бидејки сметаат дека ова може да има лош ефект на вкупниот, легален, туристички промет.

Според статистиката, Малезија има најмногу посетители од Сингапур, Индонезија, Кина и Тајланд, кои заедно чинат бројка од над 10 милиони. Туристите од САД, кои се се побројни во Тајланд и Индонезија, ги нема на листата од 10 држави од кои доаѓаат најмногу туристи. Од посакуваната побогата странска клиентела во Малезија лани престојувале половина милион Австралијанци и 410.000 Британци, кои се на осмото и десеттото место на листата на странскиот туристички промет во Малезија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски