Малезиските власти објавија прелиминарен извештај за исчезнатиот авион „Боинг 777“, на летот МН 370, речиси два месеци по неговото мистериозно исчезнување.
Краткиот извештај од пет страни, кој претходно и беше претставен на Меѓународната организација за цивилна авијација, во основа претставува рекапитулација на информациите кои веќе беа објавени и изгледа дека не содржи некои нови важни податоци, наведе „Франс прес“.
Извештајот е поткрепен со аудио записи, на кои се забележани разговорите помеѓу пилотската кабина и контролорот на летот.
Малезија ќе продолжи да истражува што се случило со авионот, а оваа недела поранешниот шеф на малезиската цивилна авијација ќе биде именува да ја предводи истрагата, во која ќе се вклучат и членови на американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот, како и други странскки агенции за воздушен соообраќај.
Малезиската влада, која беше мета на критики поради исчезнувањето на авионот, не соопшти како напредува истрагата за трагедијата на авионот, кој исчезна на 8-ми март на патот од Куала Лумпур кон Пекинг, со 239 патници и членови на екипажот. Се верува дека авионот паднал во Индискиот океан, но до сега потрагата не даде резултати.
Е. Г.