Малезија им забрани на христијаните да го користат зборот „Алах“

Од:

Судот во Куала Лумпур пресуди дека немуслиманите не може да го употребуваат зборот „Алах“ кога мислат и се обраќаат на Господ.

Во образложението на судот се вели дека ваквото решение е донесено затоа што кога христијаните го користат зборот „Алах“ за Господ, се предизвикува конфузија во општеството.

Христијаните во Малезија го осудија ваквото решение на судот, инсистирајќи дека со децении тие го користита зборот „Алах“ кога пишуваат и зборуваат за Господ.

Според мислењето на оваа верска заедница, судската забрана претставува повреда на нивните човекови права.

Случајот потекнува уште од 2009 година, кога малезиската Влада одлучи дека локалниот католички весник „Хералд“ не смее повеќе да го употребува зборот „Алах“ во своето издане на малајски јазик, кога пишува за христијанскиот Господ.

Ваквото владино решение се оправдуваше со немирите кои избувнаа пред четири години во земјата, кога припадниците на двете верски заедници ивршија серија напади врз локалните џамии и цркви. Весникот, сепак, ја тужеше Владата и еден суд во Куала Лумпур пресуди во полза на „Хералд“. Но Владата на Малезија поднесе жалба па Апелациониот суд пресуди дека владиното решение е исправо.

Судијата Мохамед Апаиди Али изјави дека се определил за ваква пресуда затоа што зборот Алах не е составен дел на религијата на христијаните.

Претставник на весникот „Хералд“ објасни дека на Блискиот Исток и во Индонезија терминот „Алах“ го користат како муслиманите, така и христијаните, а во Малаја тоа се прави уште од 1963 година, уште пред создавањето на федерацијата Малезија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски