Малезиската полиција, која е под притисок на конзервативаната јавност до крај да го расчисти, односно да ги идентификува и приведе на суд учесниците на нудистичката журка одржана пред три месеци на плажа во Пенанг, соопшти дека идентификувала уште една жена учесник на нудистичкото шоу што беше објавено и како видео клип на интернет, пред два месеци.
Околната, не толку конзервативна јавност, преку медиумите речиси секојдневно објавува „пикантни детали’’ од истрагата и од свои извори, а високотиражниот сингапурски „ Стрејт тајмс ’’ на два пати ја објави листата на најпопуларни нудистчки собиралишта во светот.
Според оваа листа, најпосакувани собиралишта на нудистите се наоаѓаат на сите континенти. Весникот за прворангирана ја вброи нудистичката „Црвена плажа ’’ на грчкиот остров Крит, а на второто место се најде „Самураи бич’’ во близина Порт Стивенс, Австралија. Оваа плажа секој ноември е домаќин на своевидна нудистичка олимпијада на која учесниците, без исклучок, без облека имаат атлетски и натпревари во сурфање. Во преостанатите 11 месеци, ако платат прилично висока влезница, плажата е пристапна и за оние што нема да се соблечат до крај.
Првата плажа со опција голи – облечени на тлото на Северна Америка се наоѓа во близина на Ванкувер, во Канада. Тоа просторно е најголемата нудистичка плажа во светот. За да се стаса до песочната плажа треба да се поминат 500 скалила изрежани низ карпесото опружување на оваа плажа.
Четврта, на според многу нудисти, најубава е плажата „Праија дел Пинхо’’ во Бразил. Облеката на оваа плажа е најстрого забранета, а делумно облечени можат да влезат мажи под услов да се во придружба на две како од мајка родени дами. Песокот со бронзена боја и кобалтно сино море, велат, ги става во искушение и тие што вообичаено не се воодушевени да го изложат своето голо тело на други.
Од голем број туристички агенции прогласена за „нудистички рај’’ е плажата на островот Мауи во Пацификот. Официјално, ова не е нудистичка плажа, но за тие што се таму изненадувачки е ако видат некој да сурфа облечен.