Малезија и Австралија договорија продолжување на потрагата по исчезнатиот авион

Од:

Малезија и Австралија договорија продолжување на потрагата по исчезнатиот авион Боинг, кој на 8 март полета од Куала Лумпур кон Пекинг и по два часа мистериозно исчезна. Во авионот имаше 239 патници и членови на екипажот, а до сега не е пронајдена ни една трага која би ја открила локацијата на исчезнатиот авион.

Продолжувањето на потрагата ја потврди австралискиот премиер Тони Абот, кој денеска престојуваше во официјална посета на Малезија. Тој соопшти дека двете држави обезбедиле 60 милиони долари за финансирање на потрагата во подрачје од околу 6.000 квадратни километри. Во трагањето по авионот ќе се употребат најсовремени уреди што ги има на светот, а ќе се вклучат и најпознати експерти од оваа област.

Новата серија потраги по исчезнатиот авион ќе започне по две недели.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски