Малезија формира „антиџихадистички фронт“ во училиштата и универзитетите

Од:

Малезиските власти, соочени со ширење на радикалните исламистички идеи во државата, го задолжија Оделот за развој на исламот да поведат широка кампања за објаснување на опасностите што во училиштата и на универзитетите ги шират пропагаторите на милитантните идеи од Исламската држава во Ирак и Сирија.

Кампањата ќе ја води новоформирана Агенција чија задача ќе биде да се создаде неформален „антиџихадистички фронт’’ чии членови на младите малезијци ќе им ги објаснуваат намерите и опасностите на обидите во Малезија и соседните држави да започнат формирање исламски калифати.

Според директорит на новата Агенција, Отман Муустафа, радикалните муслимани преку социјалните мрежи и во лични контакти ги убедувале младите луѓе да се придружат кон милитантните групи кои се борат против „непријателите на Исламот’’, со што ќе заслужат награди на земјата и место во рајот. Претежно со муслимани населената Малезија е и мета на радикалните исламистички движења од соседните држави, особено од Филипините, каде што на југот на државата исламистичките движења веќе 50 години водат војна со армијата и полицијата.

Официјално, од Малезија на боиштатата во Ирак и Сирија до сега заминале над 1.200 лиц, најмногу на возраст меѓу 20 и 35 години. Над 1.000 жители на Малезија се спречени од Куала Лумпур, или преку Сингапур, да заминат на боиштата во Ирак и Сирија.

Во медиумите има извештаи дека стотина малезиски граѓани загинале на боиштата во Исламската држава. Полицијата смета дека сега има и педесетина повратници кои по борбените искуства и идеолошката доктринација стекната во Исламската држава се голема опасност за стабилноста и мирот во Малезија. По нив трага полицијата, до сега не се многу успех.

Пред две недели Парламентот во Куала Лумпур ги усвои новите антитерористички закони. Покрај другото, осомничените за ширење на милитантните идеи и врбување на луѓе за борци во Исламската држава можат да бидат приведени и држани во временски неограничен притвор и без судска одлука. Малезиските власт повторно апелираа на поголема соработка со разузнавачите и полицијата од Сингапур, Филипините и Индонезија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски