Малезискиот министер за транспорт Тун Хусеин денеска ги демантираше тврдењата на лондонскиот „Телеграф“, според кои главен осомничен за исчезнувањето на исчезнатиот малезиски Боинг, кој исчезна на 8 март, со 239 патници во него, е првиот пилот Захарие Сах.
„Телеграф“ тврдеше дека повод за преусмерување на истрагата се снимките на домашниот симулатор на летење на кој, наводно, главниот пилот вежбал како да го киднапира авионот со кој управува.
Иако по исчезнувањето на малезискиот авион се можно веројатни сите претпоставки, дури и оваа според која капетанот на авионот на рутата Куала Лумпур – Пекинг два часа по полетувањето ги деактивирал уредите за врска и слетал на некој изолиран остров, единствено што е сигурно е тоа дека истрагата не тргнала од почетната точка.
Потрагата по исчезнатиот авион сега е фокусирана на околу 60.000 квадратни километри во јужниот дел на Индискиот Океан. Таму океанското дно го пребаруваат кинески и австралиски бродови и подморници, опремени со најсовремени апарати за детектирање на невообичаен материјал на морското дно.