Малала сака да стане премиерка

Од:

Пакистанската тинејџерка Малала Јусафзаи, активистка за правото на жените на образование, која што Талибанците се обидоа да ја убијат во Њујорк изјави дека сака да стане премиерка на Пакистан.

Таа во разговор со новинарката на „Си ен ен“, Кристијан Аманпур, на прашањето со што би сакала да се занимава, изјави дека има желба да и помогне на својата држава.

-Сакам да станам премиерка на Пакистан, за да ја спасам својата држава. Доколку би била премиерка, би издвоила пари од буџетот за образованието и би се посветила на прашањата поврзани со надворешните работи- изјави Малала.

Младата пакистанска активистивистка ја доби наградата „Сахаров“, која што ја доделува Европскиот парламент, а беше и еден од фаворитите за Нобеловата награда за мир 2013 која што и припадна на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW), која што го надгледува уништувањето на сирискиот хемиски арсенал.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран