Малала: Не сум марионета на Запад

Од:

Пакистанската активистка, која што се бори за правото на образование на девојчињата, Малала Јусуфзаи ги отфрли наводите дека стана марионета на Запад.

Малала (16) во интервју за „BBC“ изјави дека се уште ја има поддршката од луѓето во својата држава и повтори дека сака да се вклучи во политиката во Пакистан.

-Мојот татко вели дека образованието не му припаѓа на Исток, ниту на Запад. Образованието е образование, на него секој има право-одговори таа на прашањето бидејќи одредени лица велат дека таа стана „марионета на Запад“.

-Пакистанците ми даваат поддршка и поткрепа да продолжам да се залагам за образованието за девојчињата-нагласи Малала.

Таа минатата година јавно зборуваше против Талибанците, по што замина во Британија, каде што продолжи со образованието.

Минатата недела ја доби престижната награда Сахаров за човекови права, а беше примена и во Белата куќа каде што разговараше со американскиот претседател Барак Обама.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран