Макрон му изрази поддршка на градоначалникот на Мелитопол

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон му изрази поддршка на Иван Федоров, градоначалникот на Мелитопол, град во јужна Украина бомбардиран и окупиран од Русите, кого го прими во Елисејската палата со четворица украински пратеници, јави дописникот на МИА.

„Среќни сме што ве гледаме овде, слободен и не се осмелувам да замислам низ што сте поминале, сите бевме вознемирени кога ве киднапираа“, му рече францускиот претседател на градоначалникот на Мелитопол, кој беше приведен од руските сили пред да биде ослободен во размена на затвореници. Иван Федоров во средата беше примен од претседателот на францускиот Сенат Жерар Ларше.

„Да ве пречекаме, исто така, значи да ви кажеме, повеќе од она што можевме да го направиме од пред еден месец, дека ќе продолжиме со нашите напори заедно со вас“, додаде францускиот претседател. Откако Иван Федоров беше киднапиран на 11 март, Володимир Зеленски ги повика Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц да помогнат да се ослободи.

Оваа средба се одржа непосредно пред новиот телефонски повик на францускиот претседател со неговиот украински колега Володимир Зеленски. Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговарал со својот француски колега за потребата од спроведување на предлогот на Париз за создавање хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од опколениот град Мариупол.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје