Мајка Тереза обвинета за „верска злоупотреба“ на својата мисија

Од:

Угледниот хиндуистички верски лидер Мохан Багват ја обвини Мајка Тереза за „злоупотреба на нејзината хуманитарна мисија“, тврдејќи дека таа затскриено работела за „преобратување“ на лугето во христијанската религија.

– Делувањето на Мајка Тереза може да се означи како добро, но има една забелешка, а тоа е преобратувањето на луѓето на кои им помагаше во христијани, изјави Мохан Багват, зборувајќи на една религиозна церемонија во Раџастан.

Не се познати мотивите за ваквиот неочекуван напад врз хуманитарната мисија на Мајка Тереза, која за својата 50-годишна работа во Калкута во 1979 година доби Нобелова награда за мир, но тоа предизвикаа бурна реакција во индиската политичка јавност и силни осуди на социјалните мрежи.

Во Индија Багват важи за моќен лидер на Организацијата на хиндуистичките националисти (РСС), која е близок сојузник на владеачаката Индиска народна партија (БЏП) на премиерот Нарендра Моди.

Изјавата на Багват доаѓа само неколку дена по ветувањето на индискиот премиер дека ќе ги заштитува религиозните слободи во земјата. Ова ветување на Моди требаше да биде одговор на Владата на зачестените напади врз христијанските цркви и верски објекти во реонот на Њу Делхи.

Опозицискиот Индиски национален конгрес остро реагираше на навредливите изјави на Багват. Претставник на партијата побара јавно извинување за Мајка Тереза од владеачката БЏП и најави дека Конгресот ќе побара дебата за ова прашање во индискиот Парламент.

Мајка Тереза работеше половина век помогајќи им на најсиромашните луѓе во реонот на Калкута и создаде хуманитарна мисионерска организација.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка