Мадуро: Подготвени сме за вооружена борба, доколку е потребно

Од:

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во понеделник изјави дека неговата земја ќе распореди воени, полициски и сили за цивилна одбрана на 284 „бојни полиња“ низ целата земја.

„Подготвени сме за вооружена борба, доколку е потребно. По должината на сите брегови на Венецуела, од границата со Колумбија до истокот на земјата, од север кон југ и од исток кон запад, имаме целосна подготовка на официјални трупи“, рече Мадуро во Сиудад Карибе, во близина на главниот град Каракас, за време на обраќањето на државната телевизија, каде што беше придружуван од неговиот министер за одбрана.

САД го зголемија своето воено присуство во јужниот дел на Карибите, како дел од операцијата што ја нарекоа акција против трговците со дрога, и наредија распоредување на 10 борбени авиони Ф-35 на аеродром во Порторико, објави Ројтерс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невремето им го расипа празникот на Американците: Речиси милион луѓе без струја за Денот на благодарноста, авионскиот сообраќај во колапс

1.200 летови откажани во САД за Денот на благодарноста поради лошо време

ЕУ планира технолошки фонд од 50 милијарди евра за да ја намали зависноста од САД и Кина

Горан Наумовски

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Украина: Руските напади може да се случат во секој момент

Горан Наумовски

Трамп подготвува нови царини за ЕУ