Мадрид ги „стега“ заштитните мерки против ширењето на коронавирусот

Од:

Регионалните власти во Мадрид денеска објавија нови ограничувачки мерки насочени кон намалување на бројот на заразени со коронавирус во таа област.

Според Паис, наредбите на Владата ќе стапат на сила од понеделник.

Новите мерки вклучуваат ограничувања на движењето, кои влијаат на луѓето во 37 основни здравствени области, од кои 26 се во шест области на градот Мадрид, а останатите во други општини во регионот Мадрид.

Регионалната лидерка Изабел Дијаз Ајузо рече дека ќе има ограничено движење во областа, вклучително и во градот Мадрид, области кои се најмногу погодени од вирусот, што може да загрози повеќе од 850.000 луѓе.

Таа наведе дека пристапот до паркови и јавни места ќе биде ограничен, како и собири до шест лица, но дека луѓето нема да бидат спречени да одат на работа.

– Мораме да избегнеме карантин, мора да избегнеме економска катастрофа, рече Дијаз Ајузо на прес-конференција.

Во Шпанија, во четвртокот беа пријавени повеќе од 11.000 нови случаи на коронавирус, а 162 лица починаа.

Вкупно, досега повеќе од вирусот во Шпанија се заразија 625.000 луѓе, а 30.400 починале, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски