Властите во Луксембург денеска почнаа да ги олеснуваат ограничувањата наметнати за борба со новиот коронавирус, но воведе задолжителноп носење маски во затворени простории како и во градски транспорт и продавници. Локалните власти почнаа со кампања за раздавање по пет маски за човек на 626-те илјади жители на државата.
Премиерот Ксавиер Бетел изјави дека Луксембург има залихи од 6-7 милиони маски.
Во првата фаза на ублажување ќе се отворат градилиштата, општински центри за рециклирање, продавниците за покуќнина и градинарските центри, додека следниот месец училиштата ќе почнат со работа постепено, но учениците ќе одат на училиште наизменично за една недела, а следната ќе учат од дома.
Во Луксембург досега се потврдени 3.550 случаи на заразени со коронавирусот, и 73 смртни случаи.