Во оваа земја во Европа луѓето работат најмалку, најмногу уживаат и најдолго живеат: Ја нарекуваат „рај на земјата“

Од:

Постигнувањето на идеална рамнотежа не е лесно, особено кога ќе ги земеме предвид начинот и трошоците за живеење во големите градови. Ако се прашувате кои нации успеваат најдобро да ги балансираат работата и слободното време, погледнете ги резултатите од новото истражување.

Параметрите што се земаат предвид при рангирањето на земјите вклучуваат просечен број на работни часови неделно, должина на годишен одмор, процент на жители кои имаат ненарушен ноќен сон, очекуваниот животен век и чувството на среќа на испитаниците во секоја земја опфатена со анкетата.

Според сите овие критериуми, Луксембург е на врвот, меѓу другото, и благодарение на системот во кој работодавците ги наградуваат вработените со поголем годишен одмор колку што се постари. Така, работниците над 55 години во оваа земја имаат просечно 36 дена платен годишен одмор.

Австрија и Данска, кои го заземаат второто и третото место, на работниците им даваат минимум 25 дена платен одмор годишно. Погледнете ја целата топ 10 листа на земји чии жители очигледно најмногу уживаат во животот.

10 најдобри земји за живеење се:

– Луксембург

– Австрија

– Данска

– Норвешка

– Финска

– Шведска

– Франција

– Белорусија

– Холандија

– Швајцарија

Велика Британија е рангирана на 17-тото место благодарение на разумното просечно работно време од 36 часа неделно, релативно високиот животен век од 81,2 години, а повеќе од половина од испитаниците исто така изјавиле дека просечно спиеле 7,5 часа навечер, што е добар резултат. Интересно е што Соединетите Американски Држави се нашле на 87. место, меѓу другото и затоа што на работниците воопшто не им се гарантирани деновите за платени одмори, а дел од населението е незадоволно од квалитетот на сонот во текот на ноќта.

Од друга страна, Кина, Мексико и Малезија се исклучително лошо рангирани, бидејќи во сите три земји просечното работно време е 46 часа неделно. Бидејќи работното време е значително подолго, би очекувале вработените да добијат повеќе слободно време. Но, тоа воопшто не е така, бидејќи во Кина добивате само 5 дена годишен одмор, во Мексико 6, а во Малезија 8.

Би можело да ве интересира

Жителите на најбогатата земја во Европа три години имаат бесплатен јавен превоз

По Малта и Луксембург ќе ја легализира марихуаната

А1он

Луксембург загрижен за ситуацијата со нуклеарната електрана Катеном во Франција

Ана Ололовска

ВИДЕО: Насилен протест во Луксембург против корона мерките

Ана Ололовска

Премиерот на Луксембург обвинет за плагијат призна дека „требало да постапи поинаку“

Ана Ололовска

Луксембург има најмногу автомобили по жител во Европската Унија

А1он