По Малта и Луксембург ќе ја легализира марихуаната

Од:

Луксембург ќе стане втората земја во Европа, по Малта, која ќе го легализира одгледувањето канабис за лична употреба и конзумација, но не и за поседување или продажба, пишува Н1.

dobivaj vesti na viber

Министерката за правда Сем Тансон претстави предлог-закон со кој на сите жители на Луксембург ќе им се овозможи да одгледуваат до четири растенија дома, но исто така истакна дека тие не смеат да бидат на видно место. Тансон додаде дека со новиот закон ќе се дозволи и консумација на марихуана, но само дома, додека на јавни места и натаму ќе биде забранета.

„Легализацијата на одгледувањето и приватната потрошувачка е првиот чекор во рамките на концептот за борба против нелегалниот пазар и нелегалната трговија со канабис“, се вели во презентацијата на Министерството за правда.

Казните за поседување до три грама канабис ќе бидат меѓу 25 и 500 евра, што е значително намалување од сегашните казни од 251 на 2.500 евра. Исто така, полицијата ќе изрече опомени до прекршителите, нема да се поведува прекршочна или кривична постапка и поради тоа казната нема да биде запишана во досието.

Но, за поголеми количества канабис, можно е да се изрече значително повисока парична казна, но и затвор, бидејќи лице со повеќе од три грама ќе се смета за дилер.

Олеснувањата предвидени со новиот закон не важат за малолетници на кои полицијата веднаш ќе им напише пријава и ќе ги испрати до надлежниот обвинител.

Откако Владата го презентираше предлог-законот, тој беше испратен во парламентот на разгледување и усвојување. Пред гласањето ќе биде потребно ново мислење на Државниот совет за усогласеноста на предлог-законот со Уставот на Луксембург, меѓународните договори и други закони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина четиригодишно девојче, загубила свест при пад од чамец во Средоземното море

А1он

Католички свештеник од Малта потрошил 150.000 евра на порно сајтови: „Бев во криза“

Ана Ололовска

На Малта регистриран прв случај на заболен со мајмунски сипаници

На Малта запленети рекордни 1,5 тони кокаин за Словенија

А1он

Лабуристите повторно победија на парламентарните избори на Малта

Ана Ололовска

На Малта денеска се одржуваат парламентарни избори, фаворити лабуристите на премиерот

Ана Ололовска