Луксембург загрижен за ситуацијата со нуклеарната електрана Катеном во Франција

Од:

Луксембург во петокот изрази загриженост за француската нуклеарна централа во Катеном (Мозел-Франција), која се наоѓа недалеку од нејзината граница, по проблемот со корозија кој беше неодамна идентификуван на еден реактор, јави дописникот на МИА.

Министерот за енергетика Клод Турмес и неговата колешка за животна средина Карол Дишбург оваа недела испратија писмо до француската управа за нуклеарна безбедност (АСН) барајќи појаснување за ситуацијата во Катеном.

-Дали реакторите на електраната Катеном се погодени од оваа аномалија, веќе откриени или за кои постои сомневање на 5 француски реактори, прашува тој, во писмото.

-Го прашуваме АСН зошто го затворивте Пенли и зошто не го затворивте Катеном, кога Катеном е од исто семејство или генерација, објасни за АФП Клод Турмес, министер за енергија на Луксембург, на маргините на состанокот во Амиен со неговите европски колеги.

Проблем со корозија на безбедносниот систем, првично идентификуван на најмоќните и најновите реактори во француската флота, беше откриен и на реактор (Пенли 1) од помалку моќно семејство. Проблемот бил откриен додека реакторот бил исклучен поради техничка посета. Реакторот Пенли припаѓа на семејство (или лежиште) од 1300 MW реактори од истата генерација, кое има вкупно дванаесет, вклучувајќи ги и 4-те реактори на електраната Катеном. Сите четири се моментално активни. Претседателот на АСН Бернард Дорошчук во средата го опиша проблемот со корозијата како „сериозен“, особено затоа што „има потенцијално генерички карактер“, односно дека може да влијае на целото семејство на реактори.

ЕДФ до крајот на месецот презеде документарно преиспитување на проверките извршени во минатото на целата француска нуклеарна флота. Во зависност од резултатите од овој преглед, може да биде неопходно да се извршат физички проверки на реакторите доколку се појават сомневања за корозија, а потоа да се поправат во зависност од резултатите од проверката. Ова може да бара исклучување на реакторот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии

Во Франција, бројот на случаи на сифилис се зголеми за 110% за две години