Лондон: Една жена жива извлечена од Темза

Од:

Една жена денеска е извлечена од реката Темза по нападот на Вестминистерскиот мост во близина на британскиот Парламент.

– Жената се здоби со потешки повреди. Неа во моментот и е неопходна лекарска помош, изјави портпаролот на крајбрежната стража во Лондон.

Тој додаде дека реката во непосредната зона е затворена за сообраќај.

Британската полиција соопшти дека при денешниот напад крај зградата на британскиот Парламент во Лондон има повредени луѓе, вклучувајќи полицајци, без да се прецизира нивниот број.

– Познато ни е дека постојат неколкумина повредени, вклучувајќи полицајци, но во овој момент не можеме да го потврдиме нивниот број”, изјави за новинарите претставник на полицијата Би Џеј Харингтон.

Лондонската служба за итна помош соопшти дека нејзини лекарски екипи пружиле медицинска помош на најмалку 10 лица на мостот Вестминстер. – Можеме да потврдиме дека дадовме помош на барем 10 пациенти на мостот Вестминстер, се наведува во соопштението на заменикот-директор на службата Полин Кранмер.

Францускиот премиер Бернар Казнев соопшти дека меѓу повредените има тројца француски ученици.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори полициска станица во Лондон, пожарот го гаснат 175 пожарникари

Горан Наумовски

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски