Лисенко: Руско тешко вооружување навлегло на територијата на Украина

Од:

Педесет тенкови и друго тешко вооружување навлегоа на украинската територија од Русија во текот на ноќта, изјави денеска портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Андриј Лисенко.

Тој прецизира дека станува збор за 50 тенкови, 40 оклопни возила и 40 ракетни систени „Град“, „Ураган“ и „Смерч“. Вооружувањето влегло на граничниот премин „Изварино“ во Луганската Област додека се воделе преговорите во Минск.

– Непријателот продолжува да ги засилува позициите во североисточниот дел на Луганската Област и во близина на градот Дебалцево, стратешка железничка линија меѓу Доњецк и Луганск, каде украинската армија е опколена од проруските сепаратисти, посочи Лисенко.

Во исто време, украинските власти и проруските сепаратисти соопштиија дека вкупно 14 цивили и двајца војници загинале во последните 24 часа во Источна Украина. Најмалку 21 лица се повредени.

Во Доњецк во последните 24 часа загинале седум цивили, а 14 луѓе се повредени. Четворица цивил се убиени на различни места во Луганската Област, а тројца цивили загинале при гранатирање на градот Авдевка, на 20 километри северно од Доњецк, кој е под контрола на украинските сили.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев