Лидерот на воената хунта во Мјанмар вети дека ќе ги уништи противниците

Од:

Лидерот на воената хунта во Мјанмар вети дека ќе ги „уништи“ противниците на режимот во денешниот говор по повод Денот на вооружените сили на местото каде што лани грубо беа сузбиени продемократските демонстранти.

Воените власти „повеќе нема да преговараат … и ќе ги уништат до крај“ групите кои се борат да ги соборат од власт, рече Мин Аунг Хлаинг пред повеќе од 8.000 војници собрани во Најпидоу, главниот град на земјата.

Армијата повторно ја покажуваше својата моќ, тенковите минуваа низ големите улици, проследени со носачи на ракети и парчиња артилерија, додека борбените авиони го надлетуваа градот носејќи ги жолтите, црвените и зелените бои на националното знаме.

На парадата требаше да присуствува и рускиот заменик-министер за одбрана, важен снабдувач со оружје и традиционален сојузник на генералите во Мјанмар, но портпаролот на воената хунта рече дека тој не можел да дојде поради „зафатеност во неговата земја“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар