Лидерот на кримските Татари доби забрана за влез на Крим во рок од пет години

Од:

Лидерот на кримските Татари, Мустафа Џемилев доби забрана за влез во Крим за период од пет години, соопшти Собранието (Меџлисот) на кримските Татари.

Граничните служби при заминување од Крим за Киев изутринава му врачија на Џемилев документ, со кој му се забранува влез во Руската Федерација до 19 април 2019 година.

– Оваа одлука покажува со каква цивилизирана држава си имаме работа, изјави Џемилев.

Заменик-претседател на Меџлисот на кримските Татари Аслан Омер Миримли ја доби истата забрана.

Татарите се муслиманско малцинство во Крим, кое негативно реагираше на приклучувањето на Полуостровот кон Русија во март по референдумот, кој Киев и Западот го прогласија за незаконски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Кремљ тврди: Соборени 38 беспилотни летала над Крим

А1он