Лидерите од Јужна Африка во вторник ќе одржат самит поради политичката криза во Зимбабве, каде владејачката партија денеска го смени Роберт Мугабе од лидерската позиција, и покрена процес за негово отстранување од функцијата претседател на државата.
Лидерите на земјите-членки на Заедницата за развој на јужниот дел на Африка (САДЦ) ќе се состанат во Луанда.