Лидерите на Муслиманското братство протерани од Катар

Од:

Лидерите на египетската организација Муслиманско братство се принудени да го напуштат Катар, каде побегна по смената на исламистичкиот претседател на Египет, Мохамед Морси и по отпочнувањето на кампањата против неговите поддржувачи од страна на новите власти во Каиро.

Како што соопшти еден од првите луѓе на Муслиманското братство, Амр Дараг на својот профил на Фејсбук, катарското кралско семејство „ги замолило“ лидерите на исламистичкто движење да го напуштат Катар.

– Не би сакале да го доведеме Катар во непријатна ситуација, дополни Дараг во својата објава.

Катарските власти го поддржуваа Морси и по неговата смена дојде до заладување на односите меѓу Катар и Египет, а Каиро дури и ја обвини владата во Доха за дирекна поддршка на Муслиманското братство.

Поради, пружањето засолниште на лидерите на Муслиманско братство во Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати дури и ги повлекоа своите амбасадори од Доха.

Дараг не соопшти каде ќе заминат лидерите на Муслиманското братство од Катар, но арапските медиуми посочуваат дека е можно тие да се префрлат во Турција, имајќи предвид дека Анкара беше еден од најжестоките критичари на смената на Морси.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски