Лидерите на ЕУ со конкретни одговори за миграциската криза

Од:

Лидерите на Европската унија се согласија утрово по месеци одлагање, за поширок и сеопфатен одговор за миграциската криза во Европа.

Решенијата на средбата во Брисел вклучуваат повеќе пари за помош на бегалците од Блискиот исток за нивно сместување и храна и да се намалат ризиците да тргнуваат кон Европа како и засилена гранична контрола.

Претседавачот со средбата, Доналд Туск изјави дека резултатот по седумчасовната дебата е „навистина одличен и со сигурност подобар од она што се очекувало“. Туск додаде дека атмосферата била многу позитивна за разлика од досегашните размени на обвиненија и реплики кои биле закана за Шенгенската зона.

Задоволство изрази и германскиот канцелар Ангела Меркел.

– Ние знаеме дека проблемот се уште не е решен, но презедовме важен чекор. Веќе имам чувство дека сакаме да го решиме тој проблем заеднички, изјави таа по средбата.

Тоа се наведува и во декларацијата – Ние можеме да се справиме со тој предизвик само со заедничка работа во духот на солидарноста и одговорноста.

ЕУ ќе обезбеди најмалку една милијарда евра за Агенцијата на ОН за бегалци и за Светската програма за храна и ќе ја зголеми финансиската помош за државите кои примиле најмногу сириски бегалци – Турција, Либан и Јордан.

Посебно внимание било дадено за неопходноста за заеднички напори за прашањето со Турција како „копнена порта“ за имигрантскиот бран кон Европа. Туск се изрази негативно за предлозите од Турција за „безбедносни зони“ по границата со Сирија.

На средбата во Брисел беше донесена одлука за итно формирање центри за прием и регистрирање мигранти и бегалци по надворешните граници на ЕУ, најмногу во Грција и Италија. Центрите треба да проработат до крајот на ноември и според францускиот претседател Франсоа Оланд тие центри треба да ги враќаат обратно оние кои не одговараат на условите за добивање азил.

Оланд на прес конференција рече дека Европа не треба сама да прима бегалци.

– Тоа може да го направат и држави како Канада и САД и затоа треба да одржиме меѓународна конференција за проблемите за миграцијата, наведе тој.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море