Либанскиот Парламент пак не успеа да избере претседател поради недостиг на кворум

Од:

Пратениците во либанскиот Парламент денеска не успеаја по 27-ми пат да изберат претседател на републиката поради недостиг на кворум. Бројот на пратениците беше недоволен за гласање и претседателот на Парламентот Набих Бери по 27-ми пат го одложи изборот на претседател.

На пратениците им беше предложено да се соберат на 2 септември.

Највисоката државна функција во Либан е слободна, откако на 25 мај минатата година Мишел Слејман, го ослободи претседателскиот дворец во Баабда.

Според конфесионалното уредување на Либан, функцијата шеф на државата по традиција се зазема од претставник на заедницата на маронитите, кои се мнозинство меѓу локалните христијани.

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

(ВИДЕО) Израел објави снимка: Испалија 30 ракети, Железната купола пресретна третина

Катерина Ѓуровски

Командант на Хезболах меѓу 10-те жртви на израелскиот напад во Либан