Либан ја затвори границата за Палестинци, кои бегаат од Сирија

Од:

Поголемиот број Палестинци, кои бегаат од Сирија и се обидуваат да влезат во соседен Либан, не добиваат дозвола за влез во земјата, соопшти организацијата Хјуман Рајтс Воч.

– На 6 август либанската Влада почна да забранува влез во земјата на Палестинци од Сирија, наведува во соопштението меѓународната организација за заштита на човековите права.

Според организацијата одбивањето на азил е прекршување на меѓународните обврски на Либан. ХРВ, исто така, наведува дека на границата се блокирани цели семејства, деца, возрасни и болни.

Околу половина милиони Палестинци живеат во Сирија, главно во кампот Јармук, јужно од Дамаск. Кампот беше уништен за време на борбите во земјата и остана ненаселен.

– Досега бевме земја со отворена политика во однос на сириските бегалци, изјави извор од либанските сили за безбедност, задолжени за одбрана на границата.

Либан досега на палестинските бегалци им издаваше 7-дневна виза со можност за продолжување. Бејрут, сепак не ја доби ветената меѓународна помош за справување со големиот број бегалци на негова територија.

Според невладината организација од почетокот на конфликтот во март 2011 година, 675 илјади лица побарале азил во Либан, од кои 60 илјади Палестинци.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати