Летонската Влада на десниот центар денеска стапи на должност, откако три парламентарни партии ја потпишаа коалициската спогодба со која од влијание во власта се исклучува проруската партија, победник на општите избори, одржани минатиот месец.
Двете партии на десниот центар: Унијата на зелени и фармери и Партијата на обединувањето, се здружија со конзервативната Национална алијанса и ја формираа новата летонска Влада, која ќе биде предвидена од премиерот Лаимдота Страујума.
Партијата на левиот центар Хармонија, која е поддржана од руското малцинство во земјата, на изборите на 4 октомври освои најмногу пратенички места во Парламентот.
Тројната владина коалиција, меѓутоа, обезбеди мнозинство од 61 пратеник во Парламентот.
Летонскиот Парламент, што има 100 пратеници, вечерва ја одобри владината коалиција со 61 глас „за“ и 39 „против“.