Ле Мер: Лондон треба да ги исплати сите свои обврски кон ЕУ, овој услов не е на масата за преговори

Од:

Францускиот министер за економија, Бруно Ле Мер, изјави дека Велика Британија треба да го исплати тоа што и го должи на Европската Унија, и дека тоа е предуслов за разговорите за Брегзит, што не подлежи на преговори, пренесоа британските медиуми.

– Ќе го кажам тоа што Маргарет Тачер сакаше да го кажува: Си ги сакаме парите назад, рече Ле Мер, одговарајќи на прашања на пратениците од комисијата за економски прашања во францускиот Парламент.

„Можеме да дебатираме за сумата, но фактот дека Обединетото кралство треба да го плати тоа што го должи во буџетот на ЕУ е претходен услов што не подлежи на преговори за почетокот на дискусиите (за Брегзит)“, подвлече тој.

ЕУ сака Лондон да признае дека го должи својот дел од обврските за расходите, преземени од ЕУ за време на британското членство.

Според Ле Мер, оваа сума може да достигне и до 100 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци