Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Од:

Најмалку 54 полицајци се повредени, а околу 50 продавници и 200 автомобили се запалени денеска во протестите против измените на изборните закони во Нова Каледонија, француска прекуморска територија источно од Австралија, објави францускиот висок комесар Луј Ле Фран.

„Се надевам дека со помош на засилувањата што ги побарав, ќе успееме да ги оддалечиме криминалците“, изјави Ле Франк за BFMTV.

Претходно денеска безбедносните сили на Нова Каледонија објавија дека го затвориле меѓународниот аеродром и воведоа полициски час поради протестите во главниот град Нумеа. Протестите траат со недели и станаа насилни во понеделникот поради гласањето во францускиот парламент за измените на уставот на Нова Каледонија објавено денеска, пренесува Ројтерс.

Протестите ги организираше сепаратистичкото движење „Комитетот за координација на теренските акции“ поради планот на Франција да го прошири правото на глас во Нова Каледонија на француските граѓани кои живеат на островот повеќе од 10 години, што е против Договорот од 1998 година, според кој никој кој се преселил на островот по таа година нема право на глас, пренесува Гардијан.

Би можело да ве интересира

Макрон: „Денес започнува нова ера за Франција“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Кризата во Франција е многу полоша од нормална политичка криза

Катерина Ѓуровски

Падна владата во Франција

Предраг Петровиќ

Андреа е второто девојче кое исчезна во Франција за неколку дена

Поднесено е барање за гласање недоверба на француската влада

Горан Наумовски

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина