Лазар: Унгарија нема да ги прими мигрантите од Западна Европа

Од:

Унгарија нема да ги прими мигрантите кои дел од западните земји сакаат да ги вратат во Унгарија, изјави Јанош Лазар, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Лазар истакна дека Унгарија ќе ги прими само мигрантите кои на територијата на ЕУ влегле преку Унгарија.

– Данска, Шведска, Финска, Исланд и Норвешка сакаат да испратат „десетици илјади“ мигранти во Унгарија, оние кои во Унијата влегле преку некои други членки, нагласи Лазар.

Тој додаде дека не е фер ако Унгарија а „не богатите скандинавски земји“ мора да ги прими тие луѓе.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон