Лавров в петок во Париз со Ле Дриан ќе го договара самитот Бајден-Путин

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров в петок во Париз ќе се сретне со својот француски колега Жан-Ив Ле Дриан за да ги постават основите за самитот меѓу американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Лавров се согласил на средбата в петок „да се одржат подготвителни консултации за самитот, начелно договорени во неделниот телефонски разговор меѓу Путин и францускиот претседател Емануел Макрон“, се наведува во соопштението на министерството.

Макрон вчера двапати разговараше со Путин и еднаш со Бајден во обид да посредува за самитот, изјавувајќи во текот на ноќта дека двајцата „начелно“ се договориле да се сретнат.

Белата куќа соопшти дека таква средба е можна се додека Русија не ја нападне Украина. Кремљ тогаш ги нарече разговорите на самитот предвремени и без конкретни планови.

-Претседателот Путин треба да го направи својот избор дали ќе продолжи, изјави денеска портпаролот на францускиот претседател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани