Лавров ја осуди одлуката на Киев за откажување од воената неутралност

Од:

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров ја осуди одлуката на Парламентот во Киев за откажување на статусот на воена неутралност на Украина, со што се отвора можност за приклучување на земјата кон воени сојузи.

– Станува збор за контрапродуктивен чекор и одлука која може само да ги потикне тензиите, изјави шефот на руската дипломатијата.

Во својата реакција, постојаниот претставник на Русија во ОБСЕ, Андреј Келин е уште подиректен од министерот Лавров, оценувајќи дека откажувањето на Украина од неутралноста е „непријателски акт“ насочен против Русија.

Келин смета дека ваквото решение ќе додаде само уште повеќе „непријатности и жестина“ во руско-украинските однсои, а ништо нема да реши.

Неутралниот статус на Украина беше воспоставен во 2010 година под влијание на силниот руски притисок кон тогашните власти во Киев, за да се спречи украинското членство во воените сојузи.

Официјална Москва не крие дека таа е категорично против приближувањето на Украина кон НАТО.

Со одлуката на Парламентот во Киев се отвара патот за приклучување на земјата кон воени сојузи, но засега не се знае дали Украина и формално ќе побара зачленување во НАТО.

Повеќемина високи украински функционери измините недели изјавуваа дека членствто во Алијансата е „далечна перспектива“, иако претседателот Петро Порошенко смета дека земјата треба да го преземе и тој чекор како одговор на „руската подршка“ на сепаратистите во Источна Украина.

Русија ѕврди дека таа не ги вооружува проруските сепаратисти, но САД и ЕУ веќе воведоа остри санкции кон Москва, поради „интервенцијата во Украина“.

Русија во март годинава го анектира Крим, каде е сместена руската Црноморска флота, откако во Киев насила беше сменет од власт претседателот Виктор Јанукович, што во Москва се оквалификува како „пуч“.

Веднаш потоа проруски сили и Русите во Источна Украина одбија да ја прифатат новата власт во Киев, прогласувајќи независност во Донецк и Луганск.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина