Во кениската престолнина Најроби е прогласена вонредна состојба, откако „повеќе лавови“ во текот на минатата ноќ побегнале од блискиот Национален парк и се упатиле кон градот.
Локалните медиуми јавуваат дека една лавица заедно со нејзните две лавчиња, биле уловена и враатени во шумата, а за два други лава се верува дека самите се вратиле во Паркот.
Стравувањето за безбеноста на луѓето го предизвикува немањето точна инфромација колку лавови побегнале од Паркот и сега талкаат низ најблиското опкружување на Најроби.
– Лавовите се опасни диви животни и немојте сами да им се спротивставувате доколку ги сретнете или ви се најдат на патот, објави во своето предупредување до населението претставникот на кениската Агенција за диви животни, Пол Удото.
Сведоци за медиумите изјавиле дека утринава виделе два лава како се шетаат во кенискиот главен град во близина на границата на Националниот парк.
Се проценува дека во Националниот парк има околу 30 лавови, кои живеат на простор од 17 квадратни километри.