„Лашкар-е-Џангви“ ја презеде одговорноста за атентатите во Квета

Од:

Пакистанската сунитска екстремистичка група „Лашкар-е-Џангви“ ја презеде одговорноста за нападите врз автобусот на женскиот универзитет и болницата во Квета, во кои загинаа најмалку 25 лица, а заради што денеска во градот е прогласен ден на жалост.

Групата „Лашкар-е-Џангви“ соопшти дека жена го извела самоубиствениот напад во автобусот на женскиот универзитет во Квета, на југозапад на Пакистан.

Во нападот загинаа 14 студентки, а 20 се ранети.

По само 90 минути нападната беше и болницата во  Квета, каде биле сместени ранетите студентки.

Бомбата била активирана на одделението за итна помош и во таа прилика  загинале уште 11 лица.

Потоа следел и  вооружен судир на безбедносните сили и напаѓачите, кои зазеле дел  од болницата, пренесоа француските медиуми.

Портпаролот на „ Лашкар-е-Џангви“, Абубакар Сидик, доцна синоќа ја повикал канцеларијата на еден весник во Квета и кажал дека неговата група е одговорна за нападите.

-Самоубиствениот напад во автобусот го изведе една од нашите сестри. Таа влегла во  автобусот со студентките и се разнела со експлозив, изјави Сидик, додавајќи дека потоа е изведен и нападот на болницата.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран