Кувајт во целосен карантин поради зголемување на бројот на заразени од Ковид-19

Од:

Кувајтската Влада донесе одлука да воведе тотален карантин, што ќе почне од овој викенд, во обид да го спречи ширењето на коронавирусот, откако бројот на случаи во оваа заливска земја нагло се зголеми.

„Целосниот полициски час“ на национално ниво ќе стапи на сила од недела во 16 часот по локално време и ќе трае до 30 мај, соопшти официјалната новинска агенција на Кувајт.

Владата ја донесе оваа одлука како дел од мерките чија цел е да го изолира вирусот, додаде агенцијата без да даде детали.

-Одлуката доаѓа по препорака на здравствените власти, изјуави владиниот портпарол Тарик ал-Мазрем.

Претходно во петокот, додава ДПА, кувајтското Министерство за здравство соопшти за нови 641 случаи на заразени со коронавирус, зголемувајќи го со тоа вкупниот број на инфицирани во земјата на 7.208, од кои 47 имаа смртни последици.

Со карантинот на луѓето ќе им се забрани да излегуваат на отворено, освен за храна и лекови, објави кувајтскиот весник „ал-Кабас“, повикувајќи се на неименуван владин службеник.

Со одлуката се забранува и движење низ регионите од земјата.

Кувајтските власти претходно презедоа серија мерки против појавата на вирусот, што вклучуваа ноќен полициски час, затворање на сите образовни институции до август и прекинување на работата во владините институции,потсети германската агенција.

Би можело да ве интересира

Почина кувајтскиот емир Шеик Наваф ал Ахмад ал Џабер ал Сабах

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска