Курти со обраќање до косовските Срби во врска со регистарските таблички: Имајте доверба и волја

Од:

Косовскиот премиер, Албин Курти побара денеска од сограѓаните од српска националност да имаат „доверба и волја“ на ден пред завршувањето на рокот за промена на нивните српски регистарски таблички со косовски и пред да стапи во сила одлуката за реципроцитет кон Србија за личните документи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во пораката на српски јазик преку неговата страница на Фејсбук, Курти вели дека дејствијата кои ќе стапат во сила на 1 август не треба да се сфатат поинаку „освен како одговор на кршењето на правата“ од страна на Белград на сите косовски државјани, вклучително и на Србите.

-Обврска на Владата е да ги брани вашите права од дискриминирачките дејствија, кои се закана за сите нас. Ова што го започнуваме на 1 август, Србија го започна пред 11 години. Секое наше дејствие е почитување на законот за сите, порача Курти.

Во јуни годинава Владата на Косово одлучи да им даде рок од два месеци на српските граѓани да ги заменат српските со косовски регистарски таблички. Освен тоа, од понеделник во Косово ќе бидат неважечки српските лични документи и Србите кои ќе влегуваат во земјата ќе треба да се снабдуваат со влезно-излезни лиценци, како што тоа го прават косовските државјани при влез во Србија.

Мерките наидоа на остри реакции од страна на официјален Белград, како и на претставниците на косовските Срби.

Косовското МВР објави дека се извршени потребните подготовки за спроведување на новите мерки и дека од 1 август до 30 септември ќе се одвива процесот на замена на табличките во сите центри за регистрација на возилата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Пендаровски: Политичка поддршка премиерот Курти може да даде кому сака

Косовски медиуми известуваат за план за атентат врз Курти, МВР демантира

А1он

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Ахмети: ДУИ е победник на изборите уште пред да се одржат, а тоа го знаат и македонските и албанските партии

Орце Костов

Лидерите на Европски сојуз за промени и Tаравари на Косово на средба со Курти

Катерина Ѓуровски