Ахмети: ДУИ е победник на изборите уште пред да се одржат, а тоа го знаат и македонските и албанските партии

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција во Северна Македонија, Али Ахмети во интервју за косовската телевизија „РТК“ ја коментираше средбата на косовскиот премиер Албин Курти со лидерите на опозициските албански партии од Македонија.

„Нема ништо лошо во запознавањето, но она што го кажа Меџити не се совпаѓа со изјавата на Курти што ја даде во Скопје, во кој рече дека Движењето Самоопределување не учествува на овие избори. Ако има стратегија да се камуфлираат работите, не е добро, да ги кажеме работите отворено и ништо не не спречува“, рече Ахмети.

На прашањето дали де факто вклучувањето на “Самоопределување“ на изборите во Северна Македонија ќе влијае на изборните резултати, првиот човек на ДУИ рече дека „мислам дека не може да влијае на резултатот бидејќи албанскиот електорат е доста дефиниран во Македонија“.

„ Во моментов, ако се повикуваме на студии и анализи, ДУИ е победник на овие избори уште пред да се одржат, а тоа го знаат и македонските и албанските политички партии, но и македонската и албанската опозиција. Никогаш не сум бил разочаран од предвидувањата и студиите на експертите и вистинската експертиза. Но времето ќе го докаже тоа“, додаде Ахмети.

Понатаму, Ахмети истакна дека не е во непријателство со ниту една политичка партија ниту во Косово, ниту во Албанија, ниту во Македонија, притоа инсистирајќи дека на Албанците во Северна Македонија не им требаат многу партии.

„На Албанците во Северна Македонија не им требаат 3, 4, 5, 6 или 7 партии бидејќи колку повеќе партии има, тогаш Албанците ќе бидат помалку важни“, подвлече Ахмети.

Тој рече дека на око му паднала и техничката додавка за премиерот Талат Џафери, но вели дека тоа е за да се омекне македонското мислење, со оглед на тоа што во минатото имало многу реакции за напредувањето на Албанците.

„За жал, напредувањето на Албанците е прифатено со голема тешкотија во Македонија, почнувајќи од 2002 година со мировниот договор од Охрид. За секој чекор напред имаше големи реакции од македонската заедница, бидејќи беше навикната на тоа дека ексклузивноста и припаѓа само на македонската заедница, а ние останатите бевме потстанари во нашата куќа. Но, од 2002 година историјата се смени, Македонија веќе не беше еднострана сопственост, туку Албанците станаа сопственици и господари на куќата со јазикот, со националното знаме, со универзитети со администрација, со полиција и војска. Но, за да им го омекнат мислењето, велат дека ова е премиер, но тој е технички премиер“, подвлече Ахмети.

Тој рече дека кога Талат Џафери бил избран за министер за одбрана имало многу реакции кај Македонците. Истото се случи и кога тој беше избран за претседател на Собранието на Северна Македонија, каде што се пролеа и крв, но рече дека кога се гласало за вториот мандат, речиси не било познато дека Џафери е избран.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески