Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Од:

Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Косово, што ја побара Србија, е закажана за четврток во 21 часот по средноевропско време, потврди за Српската радио-телевизија (РТС) шефот на дипломатијата на Србија, Ивица Дачиќ.

Се уште не се знае дали седницата на Генералното собрание на ОН, со која претседава Гвајана, ќе биде отворена за јавноста, јави РТС. Србија во понеделникот побара вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради ситуацијата на Косово и новите тензии предизвикани од одлуката на Приштина за укинување на српскиот динар во плаќањата и трговијата, што Белград го гледа како незаконска одлука и обид за целосно етничко чистење.

На 1 февруари во Косово стапи на сила уредбата на Централната банка на Косово (ЦБК) со која се предвидуваат плаќања во готовина и платежни трансакции исклучиво во евра, со што се зголеми загриженоста на српската заедница бидејќи тие примаат плати и пензии од Србија во динари.

Меѓународната заедница претходно побара Косово да го одложи спроведувањето на таа одлука, наведувајќи ја загриженоста дека тоа може да има негативно влијание врз косовските Срби.

Вашингтон го повика Косово „веднаш да го одложи спроведувањето на одлуката, додека не се исполнат задоволителните процедури во согласност со европските стандарди“ и „додека населението не биде доволно информирано за тоа како ќе се изврши транзицијата“, со подолг период на транзиција.

Земјите од Квинтa – САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија – го повторија ова барање до властите во Приштина, потврди за косовските медиуми францускиот амбасадор во Косово, Оливие Геро. Баравме да се направи транзиција пред да се имплементира оваа регулатива, изјави Геро за косовските медиуми.

Би можело да ве интересира

Средба Вучиќ-Курти по девет месеци пауза

„Овој ужас мора да престане“ – Итна седница на Советот за безбедност на ОН по нападот на Израел на Рафа

Во Бања Лука беше исвиркана химната на БиХ, играчите на Борац го игнорираа знамето

Предраг Петровиќ

Како гласаа државите за Резолуцијата за Сребреница-Унгарија против, Грција и Кипар воздржани

Предраг Петровиќ

Вучиќ во ОН: Оваа резолуција ќе ја отвори Пандорината кутија

Генералното собрание на ОН ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Предраг Петровиќ