Вучиќ во ОН: Оваа резолуција ќе ја отвори Пандорината кутија

Од:

Им оддадов почит на жртвите од конфликтот во Босна, а тука има и српски и босански жртви. Тешко е да се зборува по Германија, која важи за најважна земја во Европа. Ги повикувам сите да гласаат против бидејќи ова е многу политизирана резолуција и би сакал да поставам три прашања. Зошто се носи оваа резолуција? Зборуваа за индивидуална правна одговорност, зборуваа за црногорските амандмани. Сите обвинети се осудени на затворски казни. Во резолуцијата нема поединечни имиња. Зошто само овој случај, само овој пример? Прашање број два. Дали оваа резолуција носи некаков вид на помирување во БиХ, тоа воопшто не е случај. Кога ги прашавме зошто не го осудија бомбардирањето во 1999 година, рекоа дека не гледаме во минатото, а три дена потоа ја подготвија оваа резолуција. Тие можат да одат длабоко во минатото, а некој друг не, фактите не се важни. Кому му е потребна оваа резолуција и зошто токму во овој момент?“, праша претседателот на Србија, Александар Вучиќ пред гласањето за Реозулуцијата за Сребреница во Обединетите Нации.

„Знам каков би бил резултатот од денешната работа, но ги чекам моќните и големите, арогантните. Зошто требаше да вршите толкав притисок само врз една мала земја. Зошто се заканувавте? Дали овие се европски, демократски вредности? Има мала земја на Балканот, која не се плаши гласно да каже дека ќе гласаме против, затоа што оваа резолуција ќе ја отвори пандорината кутија. Како ќе објасните дека страшното злосторство во кое беа убиени 8.000 луѓе е поголемо од убиството на 20 милиони луѓе во Втората светска војна? Зошто ги усвоивте тие амандмани? Само за да се обиде да ја прикриете вистинската вистина зад резолуцијата. Веќе ги имавме сите пресуди, се е готово и сега повторно ги отворате раните, за што? Затоа што некому тоа политички му требаше“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Додик: Иницирана е идејата за промена на името на Сребреница

„Овој ужас мора да престане“ – Итна седница на Советот за безбедност на ОН по нападот на Израел на Рафа

(ВИДЕО) Вучиќ: Многу ме погоди што Македонија гласаше за Резолуцијата за Сребреница

Катерина Ѓуровски

Во Бања Лука беше исвиркана химната на БиХ, играчите на Борац го игнорираа знамето

Предраг Петровиќ

Како гласаа државите за Резолуцијата за Сребреница-Унгарија против, Грција и Кипар воздржани

Предраг Петровиќ

Генералното собрание на ОН ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Предраг Петровиќ