Курспахиќ: Трамп ја загуби војната со медиумите

Од:

Радио Слободна Европа – Прага

Откако американскиот претседател Доналд Трамп, на првиот работен ден во посета на американската разузнавачка агенција (ЦИА) рече дека „тој е во тековна војна со печатот” и дека новинарите се „меѓу најнечесните луѓе на планетата“, речиси секојдневно – во јавните настапи или во објавите преку неговиот Твитер – продолжува да ја води својата војна со медиумите.

Новинарите ги нарекува „непријатели на американскиот народ“; на прес-конференциите, претставниците на медиумите чие известување не го сака, потсмешливо ги нарекуваа „лажни медиуми” кои шират “лажни вести”; ги обвинува новинарите дека се „лажговци” и „болни луѓе” кои „се обидуваат да ја украдат нашата историја и нашето наследство” со заклучок: „Јас навистина мислам дека тие не ја сакаат нашата земја, јас навистина верувам во тоа”; заканувајќи се дека ќе активира судско гонење за клевета и дури „одземање на лиценца” на телевизиски станици чие известување не му се допаѓа.

Сето ова во земјата чиј Прв амандман во највисокиот правен акт вели: „Конгресот нема да донесува закони за воведување на некоја религија или забрана за слободно исповедање; или ограничување на слободата на говорот или на печатот; или правото на граѓаните на слободно собирање и поднесување барања до владата за исправка на неправдите “.

Овде, на почитуваниот читател му должам признание дека во врска со овие напади од страна на претседателот на американските медиуми, имам сосема лична, причина од искуство за длабокото несогласување.

Во раните осумдесетти, од 1981 до 1985 години, бев постојан дописник на „Ослободување“ од Њујорк, покривајќи ги САД и Обединетите нации.

Освен настојувањата оваа елитна работа на дописник да ја обавувам на најдобар начин, најголемото професионално задоволство ми беа интервјуата со тогашниот американски претседател Роналд Реган и генералниот секретар на Обединетите нации, Хавиер Перес де Куељар, тие четири години во Њујорк ја доживеав и како единствена можност за специјализација на новинарската работа на која и се посветив.

Доаѓајќи од земја со еднопартиско државно уредување, со несомнено помалку ограничувања отколку во земјите на советскиот блок, но и далеку од слободата на медиумите гарантирана со Првиот амандман, доживував доцна вечерно читање на Њујорк тајмс и гледање телевизиски аналитички и дијалошки програми и како своевидена школа за новинарство.

Инспиративно беше настојувањето најжешките теми на денот да се осветлат од што повеќе релевантни агли: да се слушнат – и на јавноста да и се понудат – мислењата на најкомпетентните јавни личности, вклучувајќи ги и авторите на книгите за овие теми, и поранешни и сегашни дипломати; анализи во најширокиот спектар на погледи од екстремната „левица“ до екстремната „десна“; соочување пред камерите на личности со спротивставени ставови за настаните на денот.

Беше, на пример, поучно да се гледа како во редовната получасовна емисија пред полноќ (Nightline) телевизиската мрежа Еј- Би- Си даваат збор дури и на отворената советска пропаганда која – на прашањето што ќе им препорача на Американците во случај на избивање на нуклеарен конфликт – велат: „Тргнете кон гробиштата, но полека, да не се создава паника“.

Искуството со американските медиуми во раните осумдесетти полека ме поттикна откако се вратив во Сараево да побарам можност да станам уредник на еден весник чиј дописник бев од прв клас гимназија во Сански Мост. Се што направивме добро и пред војната, кога во анкета на Слободна Далмација бевме прогласени за Весник на годината во Југославија во 1989 година, и особено за време на војната, кога добивме некои од најголемите признанија во светското новинарство, носеше печат на таа инспирација од Њујорк и секако на талентот и личена жртва на десетина оние со кои работев тие години.

Медиумската сликат во Босна и Херцеговина, дури и на Балканот, оттогаш доста се замати. Претходната еднопартиска контрола врз медиумите беше заменета со приватна сопственост, во која, со ретки чесни исклучоци, медиумите служат за бесрамна промоција на политичките и бизнис интересите на сопствениците, со минимални вложувања во информативноста на медиумите. Може ли да биде поинаку?

Би морало, ако општествено се подразбира и очекува медиумите да бидат во служба на јавноста, како што тоа, откако 1933 година го купи тогаш банкротираниот „Вашингтон пост“ на јавната аукција, го кажа Јуџин Мејерс: „Одговорноста на весникот е кон своите читатели и јавноста воопшто, а не кон приватните интереси на своите сопственици. Во барањето вистина, весникот треба да биде подготвен за сопствените материјални жртви, ако тоа е потребно за јавно добро. Весникот не треба да биде сојузник на било какви специјални интереси, туку треба да биде фер и слободен и свој во поглед на јавните работи и јавните личности “.

Откако со децении „Вашингтон пост” го водеше неговата ќерка Кетрин Греам, а потоа и нејзиниот син Доналд, од 2013 година сопственикот на весникот стана најбогатиот човек во светот – сопственикот на Амазон – Џеф Безос и тој продолжува да го чува весникот во истата духот на целосна посветеност на јавниот интерес.

Еден пример: упорност во проверката на фактите во врска со изјавите на американскиот претседател. „Вашингтон пост“ во извештајот од 10 октомври, објави дека до тој ден – 264 дена на должност – Трамп изнел 1.318 невистинити тврдења, пет деневно, и не може да се види како неговата „војна со медиумите“ би можела да ја смени посветеноста на американските водечки медиуми на јавниот интерес.

Коментар на Кемал Курспахиќ за „Радио Слободна Европа“

*Курспахиќ е главен уредник на ланецот неделници (The Connection Newspapers), основач и претседател на Институтот за медиуми во демократија, со седиште во Вашингтон. Тој бил и главен и одговорен уредник на „Ослободување“ во Сараево од 1988 до 1994 година.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена