Курдските жени борци не стравуваат од заканите на ИСИС

Од:

Припадници на терористичката организација Исламска држава им се заканиле на жените борци во редовите на курдските единици Пешмерга, веднаш да го остават оружјето или во спротивно ќе ги фатат и на сила ќе се оженат со нив.

Меѓутоа како што пренесуваат медимуите тие тврдат дека не се плашат и дека ветиле да го исчистат Ирак од џихадистите.

Нивниот лидер полковничка Нахида Ахмад Рашид вели дека жените имаат инструкции да се самоубијат, доколку забележат дека ќе паднат во рацете на исламистите, кои пак од друга страна веруваат дека нема да отидат во рајот доколку ги убие жена-борец.

kurdski-zeni-borci-12

Таа објаснува дека нејзините борци имаат јасни цели и открива дека од сите нив побарала секогаш да имаат резервен куршум во случај да забележат дека постои можност да станат заробенички на џихадистите.

-Никако не сакам да паднат во рацете на припадници на ИСИС- вели таа и додава дека до сега немале потреба да го употребат последниот куршум, но дека жените од Работничката партија на Курдистан, кои се борат во Кобане биле принудени на тој чин.

kurdski-zeni-borci-13

Курдските Пешмерги се познати по тоа што во нивните редови жените се борат на фронтот заедно со мажите, поради што борците на ИСИС стравуваат да бидат убиени од жени борци.

-Оние од Исламска држава се вистински лицемери. Сакаат да им служиме, но во исто време стравуваат од нас -вели Рашидова и додава дека до својата последна капка крв ќе се бори против припадниците на ИСИС.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

Турција: Уништени 20 објекти на Курдистанската работничка партија