Курц: Полицискиот час ќе биде привремено укинат за Божиќ и Нова година

Од:

Австриската влада ќе им овозможи на граѓаните поголема слобода за претстојните празници, со одредени ограничувања, но апелира да се почитуваат мерките.

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, по разговорите со претседателите на покраините, синоќа изјави дека е договорено да се овозможи прослава на Божиќ со најмногу 10 лица, на 24 и 25 декември.

„Имајте на ум дека вирусот не е во мирување ниту за време на празниците“, предупреди тој.

Курц истакна дека од 26 декември сите мерки ќе важат повторно како и досега, а тоа се полициски час од 20 часот навечер до 6 часот наутро, ограничување на контактите, а дозволени се приватни средби, но само со едно домаќинство.

Тој кажа дека за Нова година, односно на 31 декември, полицискиот час ќе биде привремено ставен надвор од сила, така што две домаќинства ќе можат заедно да ја слават 2021 година.

„Некои други земји ќе бидат целосно затворени за празниците, некои ќе воведат полициски час. Се обидуваме да овозможиме што е можно поголема слобода, но со апел до граѓаните да се придржуваат до мерките“, истакна Курц.

Вториот круг на масовно тестирање во Австрија ќе се спроведе од 8 до 10 јануари, а во Виена, бидејќи има поголем број граѓани, од 8 до 17 јануари.

Тестирањето е бесплатно и доброволно.

Што се однесува до вакцината, Курц рече дека очекува ЕУ да одобри употреба на првата вакцина до крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче