Курц: Опасноста од нуклеарна војна е поголема од кога било досега

Од:

Министерот за надворешни рабори на Австрија, Себастијан Курц, при обраќањето пред Генералното собрание на ОН во Њујорк, предупреди дека опасноста од нуклеарна војна денес е поголема од кога било досега, нагласувајќи дека поради тоа меѓународната соработка е многу важна, како и дека Австрија е подготвена да го даде својот придонес на тој план.

Тој истакна дека, досега во неговиот живот не се сеќава таква несигурност во светот како сега.

Курц потсети дека нуклеарното разоружување е еден од нерешените проблеми на денешницата, и оти договорот за забрана на нуклеарното оружје е првиот чекор на тешкиот пат.

– Нуклеарното оружје и покрај тоа ќе постои. Не сме наивни, но неговата забрана е цел за која треба да се бориме, порача австрискиот министер за надворешни работи.

Како претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Курц укажа дека не постои алтернативна на меѓународната соработка.

Тој потенцираше дека треба да се поздрави Виенскиот договор, што беше склучен со Иран, за неговата нукеларна програма, нагласувајќи дека неговото поткопување ги ослабнува напорите во решавањето на нуклеарните судири.

Темите како што се гладта, климатските промени, организираниот криминал и зголемувањето на бројот на оружјето, Курц ги нарече „најголеми предизвици на денешницата“.

Австралискиот министер за надворешни работи повика на борба против исламските екстремисти во Сирија и Ирак.

Кога станува збор за миграцијата, Курц посочи дека над 60 милиони лица во светот живеат „во движење“. – Миграциската криза е глобален проблем и ниту една земја не може сама да го реши, оцени Курц.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена