Кулеба од ОН: Не смееме да ги повторуваме грешките кои не одведоа до светските војни

Од:

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба денеска имаше обраќање на Генералното собрание на ОН од кое повика на „брзи, конкретни и решителни“ потези за украинската криза.

Кулеба кажа дека се наоѓаме „во критичен момент од светската историја и дека денешните акции на светот ќе го дефинираат тоа што следува во следните децении“.

-Не смееме да ги повторуваме грешките што не доведоа до светските војни, рече Кулеба, апелирајќи до земјите да не ги повторуваат грешките од минатото.

„Обвинувањето на Русија дека Украина ја ескалира ситуацијата е апсурдно“, додаде Кулеба.

-Изјавите на Русија се нечуени и ужасни, тие ги надминуваат заканите за Украина, додаде Кулеба, мислејќи на говорот на Путин во кој тој рече дека Украина нема право да постои.

„Секој што мисли дека претерувам треба само да го погледне овој ужасен говор на Путин“, рече украинскиот министер за надворешни работи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје