Кучма: Мировните преговори во Минск завршија без спогодба

Од:

Мировните преговори меѓу Киев и проруските сепаратисти, што денеска се оддржаа во Минск, завршија без каков и да било договор, изјави пратеникот на украинската Влада, поранешниот украински претседател Леонид Кучма, цитиран од француските медиуми.

Кучма за тоа ги обвини бунтовниците, кои, според него, ги саботирале разговорите.

-Консултациите во Минск не успеаја, рече Кучма, објаснувајќи дека шефовите на сепаратистичките републики одбиле да ги разгледаат мерките за итно запирање на огнот и повлекување на тешкото оружје.

-Украинската страна не прифаќа ултиматуми, додаде тој.

Преговорите на Контакт групата, во која се вклучени Кучма, претаставници на Москва, ОБСЕ и бунтовниците, траеја приближно
четири часа.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје