Крвав крај на заложничката драма во Алжир

Од:

Четиридневната заложничка криза во наоѓалиштето за гас на југот на Алжир заврши денеска со упад на специјалните алжирски сили, при што во пресметката убиени се 11 екстремисти, кои претходно убиле седумина заложници.

Алжирската новинска агенција јави дека специјалните сили упаднале во објектот во сахарската пустина, пренесе Би-Би-Си, дополнувајќи дека националноста на убиените заложници засега не е позната.

Во меѓувреме, романскиот премиер Виктор Понта соопшти дека еден од убиените заложници е романски државјанин. Претходно денеска беше соопштено дека тројца Романци се ослободени, без да се соопшти националноста на останатите заложници.alzir-02

Од почетокот на операцијата на ослободување, убиени се 12 алжирски и странски работници. Засега не е позната судбината на 30 странски работници, од кои десетина се од Велика Британија, наведува Би-Би-Си.

Непосредно пред почетокот на финалната акција на аллжирските специјални сили, лидерот на киднаперите Абдул Рахман ал Нигериј рече дека алжирската влада треба да избере дали ќе преговара со киднаперите или ќе дозволи киднапираните да умрат. Тој се закани дека областа во која се држат заложниците е полна со поставен експлозив и се заколна дека целиот комплекс ќе го крене во воздух во случај алжирската војска да примени сила.

Наоѓалиштето на гас Аминас се наоѓа во местото Тигантурин, на околу 40 километри од градот Ин Аменас и околу 1.300 километри југоисточно од престолнината Алжир.

Тој комплекс заеднички го водат „Бритиш петролеум“ односно БП, норвешката фирма „Стејоил“ и алжирската државна нафтена компанија.

Според вчерашните информации досега се ослободени вкупно 573 Алжирци и околу 100 од 132 киднапирани странци.

Одговорноста за киднапирањето ја презеде малиската екстремистичка група Маскирана бригада, која побара да се разменат затвореници со странски земји и да се стави крај на француската интервенција во соседно Мали.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он